Германија: Мајка ги отрула своите 5 деца со таблети, а потоа се фрлила под воз

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Во германскиот град Солинген, 27-годишна мајка отрула пет од своите шест деца пред да се обиде да си го одземе животот фрлајќи се под воз.

Таа се фрлила на пругата во Дизелдорф, нешто повеќе од 30 километри од станот каде ги отрула своите деца. Полициски извори наведуваат дека децата биле отруени со апчиња.

Германската полиција вчера пронајде тела на пет деца во зграда во Солинген.

Мртвите деца се три девојчиња на возраст од една и пол, две и три години, како и две момчиња на возраст од шест и осум години.

Шестото и најстаро дете, единаесетгодишен син е живо и безбедно и за него се грижат роднини.

Локалните медиуми јавуваат дека тој отишол во возот со неговата мајка кај неговата баба, а мајката излегла на станицата во Дизелдорф, каде се фрлила под возот.

Полицијата соопшти дека нивната баба ги повикала во 14 часот и ги упатила кон стан во Солинген. Самите работници за итни случаи биле истрауматизирани од она што го нашле во станот. Тие се обидле да ги реанимираат децата, но било доцна.

Не е јасно дали преживеаното дете сведочело за настаните во станот.

Портпаролот на полицијата Стефан Вејанд изјави дека станува збор за трагична ситуација и додаде дека мајката сè уште не е во можност да биде испрашувана.

„Не знаеме како и зошто се случило ова злосторство“, рече Вејанд за ВДР.

Слични содржини