ГЕРМАНИЈА НЕМА МИЛОСТ – ЧОВЕК ЗАВРШИ ВО ЗАТВОР: Додека земал бенефиции од државата, работел на црно

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Цариниците во Германија открија маж кој работел на црно додека примал државен надоместок за невработеност. Германскиот суд го испрати човекот во затвор на речиси две години поради овој и други прекршоци.

Маж (51) работел на маркет во Германија, додека добивал паричен надоместок за невработеност од државата.

За водење на тезга на пазарот во областите Алб-Донау и Биберах (Баден-Виртемберг) и покрај примањето социјални бенефиции, трговецот сега мора да оди во затвор.

Истрагите на Финансиската контрола на Царината во Улм за незаконско работење покажаа дека 51-годишниот тезгаџија и некои членови на семејството добивале надоместок за невработеност, но намерно криеле приходи од тезгата од Центарот за вработување.

Штетата на фондовите за социјално осигурување изнесува 47.000 евра.

Судот сега го осуди на 23 месеци затвор. Условната казна не беше можна поради други прекршоци.

Неговата сопруга е осудена на 15 месеци затвор, јавуваат германските медиуми.

Слични содржини