Министерството за здравство денес соопшти дека продолжува поддршката од германската амбасада во справување со ковид-кризата и останатите здравствените предизвици.
На денешната средба на министерот за здравство, Беким Сали со германската амбасадорка во нашата држава, Анке Холштајн, министерот упатил посебна благодарност за нејзиниот личен ангажман и поддршката која ја имаме од Германија за здравствениот сектор од почеток на ковид-кризата.
Во рамки на програмата мали проекти за помош, на Клиниката за инфективни болести, КАРИЛ и Клиниката за неврохирургија е обезбедена медицинска опрема, како и лична заштитна опрема за здравствените работници во вредност од два ипол милиони денари. Исто така со поддршка од германската амбасада беа обезбедени 72 илјади брзи антигенски тестови, а целиот изминат период директно беа вклучени со техничка помош во активностите со цел успешно справување со кризата.
-Се договоривме оваа соработка да продолжи, како во справување со предизвиците од пандемијата така и останатите сегменти и денешната средба е чекор напред кон натамошно унапредување на здравствениот систем, објавија од МЗ.