Заедно со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн денеска на Клиниката за Ортопедија при ТОАРИЛУЦ присуствувавме на пуштање во употреба на новиот лабораториски фрижидер за презервација на коски и коскени ткива на Одделот за трансплантација, објави министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој потенцира дека оваа донација од Германската Амбасада е особено важна за нас поради тоа што годинава за првпат се направи експлантација на коскени ткива од починат донор и благодарение на тоа на млада пациентка со карцином, дел од малигното ткиво и коска и беше заменето со здраво ткиво и коска од починатиот донор.
„Благодарност до Германската амбасада и амбасадорката Холштајн што ја препознаваат нашата заложба за постојано подобрување на здравствениот систем и се наши партнери во неколку значајни проекти“, наведе министерот.
Како што најави претходно, в недела треба да пристигнат 500 илјади дози од вакцините против Ковид-19 „Синовак“, а утре се очекуваат уште 100 илјади вакцини Фајзер преку Ковакс механизмот. Тие ќе се ќе се складираат во поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина. Очекува вакцините да се дистрибуираат низ државата од почетокот на следната недела.