Поранешен чувар на нацистички концентрационен логор, идентификуван како Јозеф С, е осуден на петгодишна затворска казна за помагање и поттикнување на убиството на неколку илјади затвореници во Заксенхаузен во близина на Берлин.
Најстариот нацистички криминалец на кој му се суди во германскиот суд негираше дека бил чувар во логорот.
Тој беше прогласен за виновен за помагање во убиство на 3.518 луѓе. Учествувал во ранување на советските воени заробеници и убивање на други со гас Зиклон Б.
Одбраната побара ослободителна пресуда и треба да се жали на затворската казна.
Пензионерот, кој сега живее во покраината Бранденбург, тврдеше дека е невин, велејќи дека не направил „апсолутно ништо“ и дека не знаел за грозоморните злосторства што се вршеле во логорот.
„Не знам зошто сум тука“, рече тој на крајот од судењето во понеделникот.
Судот утврди дека е докажано дека тој работел во логор на периферијата на Берлин меѓу 1942 и 1945 година како регрутиран член на паравоеното крило на нацистичката партија, објави германската новинска агенција ДПА. Тој тогаш имал 21 година.