Германија го презема застапувањето на Г-20

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Шојбле ги повика глобалните проблемите да се решаваат преку меѓусебна соработка, а не преку изолација

g20

Денес Германија го презема претседателството на Г-20 за 1 година напред. Позицијата ќе биде ззастапена  од министерот за финансии на Германија Волфганг Шојбле. Во официјално соопштение за инаугурацијата Шојбле предупреди  за најважните индустриски земји во развој од групата Г-20 за економските порази,за враќањето кон национализмот и изолацијата, објави  националниот весник “Ди Франкфуртер Алгемајне Цајтунг”. Според него глобалните предизвици бараат глобални решенија и тие можат да бидат постигнати само преку заеднички напори. А оваа година светската економија ќе има не едно или две пречки пред себе. Врв на германското претседателство ќе биде самитот што ќе се одржи во почетокот на јули во Хамбург.

На него се очекува да присуствуваат новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

Канцеларката Ангела Меркел ќе го  користи претседателството, за да го насочи вниманието кон проблемите на Африка и здравството.

Групата на дваесетте, скратено Г-20, е група од 19 земји со најголеми економии во светот плус Европската унија, презентирана од државата претседавач на Советот на ЕУ. Таа изучува, прегледува и промовира дискусии за политички прашања поврзани со промоција на меѓународната финансиска стабилност и има за цел да ги разгледува прашања што се надвор од одговорноста на секоја друга организација.

Застапувањето и се менува секоја година, а  досега тоа и  припаѓаше на Кина.