Германија против втора доза од вакцината на „АстраЗенека“ за помлади од 60 години

од Stefanija Kuzmanovska
319 прегледи

Германското Министерство за здравство препорача денес луѓето под 60-годишна возраст, вакцинирани против коронавирусот со вакцината на „АстраЗенека“, да примат различна вакцина за време на ревакцинацијата, поради можност од згрутчување на крвта.

За втората доза се препорачува вакцините на „Фајзер“ или „Модерна“, развиени со користење на различен процес.

Наведено е дека во поединечни случаи, кај лица кои сакаат да примат втора доза на вакцината на „АстраЗенека“, ова може да се направи, со претходна проценка на здравствениот ризик.

Истото важи и за лица на возраст под 60 години од ризични групи кои сè уште не ја примиле првата доза на вакцината, пренесува АП.

Поради извештаите за згрутчување на крвта кај луѓето вакцинирани со „АстраЗенека“, Германија и некои други членки на Европската унија ја ограничија употребата на вакцината само на лица постари од 60 години, кои имаат поголема опасност од сериозни болести во случај на зараза со коронавирусот.

Слични содржини