Германија сака да им забрани влез на британските патници во ЕУ поради делта сојот

од Берта Китинска
221 прегледи

Германија ќе се обиде да им забрани влез на британските патници во Европската унија, без оглед дали ја примиле вакцината против ковид-19, пренесува „Тајмс“.

Германската канцеларка Ангела Меркел сака да ја прогласи Британија за „загрижувачка земја“ бидејќи делта варијантата е толку распространета во земјата, пренесува весникот.

За плановите ќе дискутираат високи европски и национални претставници во Комитетот за интегрирана политика на ЕУ, а Грција, Шпанија, Кипар, Малта и Португалија ќе се спротивстават на обидот.

Предвидено е Меркел оваа недела да се состане со британскиот премиер Борис Џонсон. Велика Британија планира да објави план следниот месец дека целосно вакцинираните лица да можат да патуваат без ограничувања во сите земји, освен оние со висок ризик од инфекција.

Слични содржини