
Бројот на случаи на инфекција со новиот вид коронавирус во Германија е зголемен за 256 лица во изминатите 24 часа, уште три починати, објави Институтот „Роберт Кох“.
Според институтот во Германија, идентификувани се вкупно 193.499 заразени, а починале 8.957 пациенти со потврден КОВИД-19. 177.700 биле излечени.
Најголем број на инфекции се забележани во Баварија (48.249), Северна Рајна-Вестфалија (42.723) и Баден-Виртемберг (35.530).
Во главниот град Берлин се регистрирани 8.168 заразени лица.