Германија: Уапсен осомничен во врска со експлозијата во станбена зграда

од Stefanija Kuzmanovska

Германската полиција уапси осомничен во врска со експлозијата во станбена зграда во градот Ратинген во која беа повредени десетици луѓе, соопштија официјални лица.

Полицијата соопшти дека двајца полицајци и тројца пожарникари се здобиле со повреди опасни по живот, четворица пожарникари се тешко повредени, а 22 полицајци полесно, пренесува АП.

Од зградата е извадено тело на мртва жена, чиј идентитет и видови на смртоносни повреди се уште не се познати.

Слични содржини