Германија воведува идентификациони картички за бегалци во земјата

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Германскиот кабинет се согласи да воведе идентификациони картички за бегалци и мигранти, за да може да се остварува подобра контрола врз бранот новодојдените во земјата, објави агенцијата Ројтерс.лк геф

Личните карти  ќе содржат информации за датумот и местото на раѓање на соодветниот странец националноста, полот и детали од неговиот изглед. На картичката ќе има слика, а во листата центри во земјата ќе бидат земени и отпечатоци. На неа исто така ќе има информации за вакцините и здравствениот статус на нејзиниот носител, како и степенот  на образование и професија. “На овој начин можеме да трагаме  и  да ги лоцираме луѓе кои се обидуваат да го сокријат својот идентитет”, рече министерот за внатрешни работи на Германија Томас де Мезиер. Личната карта ќе им треба на мигрантите, ако сакаат да добиваат помош или да аплицираат за азил во земјата, рече уште тој. Владата се надева издавањето  на овие лични карти да започне најрано во средината на февруари, како тие треба да ги опфатат сите мигранти до крајот на следната година. Информациите за картичките ќе се собира при првиот контакт на странците со властите во Германија и ќе се чуваат во регистарот. За да се избегне регистрирањето на човек повеќе од еден пат, регистарските центри ќе располагаат со апарат за ооткривање на отпечатоци. Берлин очекува околу еден милион бегалци да пристигнат во земјата за оваа година, а локалните власти веќе се судираат со проблеми  со нивниот голем број.