Како дел од превенцијата од инфекција со коронавирус од 8 ноември 2020 година, Германија воведува барање за задолжителна регистрација на граѓани кои влегуваат на нејзина територија и кои престојувале во последните 10 дена пред да патуваат во високо ризичен регион, соопшти Министерството за надворешни работи.
Пријавувањето е на www.einreiseanmeldung.de и патниците ќе треба да донесат копија при влегувањето во земјата. Страницата за регистрација ќе биде активна од 8 ноември 2020 година.
Оние кои пристигнуваат од ризични региони во Германија подлежат на 10-дневен карантин и треба да ги известат локалните здравствени власти за нивното пристигнување и карантин.
Можно е да се скрати периодот на карантин, но не подоцна од петтиот ден, ако се изврши тест, чиј резултат е негативен.