Германија воведува привремена гранична контрола на границите со Полска, Чешка и Швајцарија

од Vladimir Zorba
245 прегледи

Германија денеска ја извести Европската комисија дека воведува привремена гранична контрола долж нејзините граници со Полска, Чешка и Швајцарија.

ДПА забележува дека ова е уште еден чекор напред со цел зајакнување на директните контроли долж источната граница меѓу Германија и нејзините три соседи.

Ова ќе и овозможи на Германија да ги изврши истите систематски проверки што ги спроведува на границата со Австрија од 2015 година.

Во изминатата недела, германската Влада реагираше на силниот притисок да се справи со пристигнувањето на голем број мигранти по регионалните избори во двете економски силни покраини Баварија и Хесен, кои дадоа слаби резултати за владејачките партии и напредок за крајнодесничарската партија „Алтернатива за Германија“.

Минатиот месец, министерката за внатрешни работи Ненси Фесер нареди да се засилат гранични проверки на источните граници на Германија со Полска и Чешка, но конзервативната опозиција ја повика официјално да информира за граничните проверки, чекор што таа сега го презема.

Слични содржини