Германскиот енергетски регулатор „Bundesnecagentur“ рече дека сега е подобро подготвен за прекинот на рускиот гас, но ги повика граѓаните и бизнисите да ја намалат потрошувачката на енергија, одговарајќи на денешната најава на Газпром дека Северен тек 1 ќе биде затворен на неодредено време.
„Со одлуката на Русија да не дозволи гасот да тече низ Северен тек 1 на неодредено време, терминалите за природен гас, складиштата и барањата за значителни заштеди на енергија стануваат поважни“, рече претседателот на „Bundesnecagentur“, Клаус Милер.
Тој додаде дека е добро што Германија сега е подобро подготвена, но и што сега останува на граѓаните и компаниите да внимаваат на нивната потрошувачка.
Газпром малку порано објави дека поради истекување на гасоводот кај Санкт Петербург, испораката на гас преку Северен тек 1 е суспендирана на неопределено време.
Фото: IMAGO/Sven Simon