Германија заплени дрога вредна речиси 65 милиони долари

од Radmila Tasevska
205 прегледи

Германските власти заплениле дрога Каптагон вредна 64,5 милиони долари по повеќе од една година истрага за активностите на банда поврзана со Сирија, рекоа властите.

Запленети се околу 461 килограм таблети Каптагон при царински прегледи, како и претреси на имотот на осомничениот во последните неколку месеци, се наведува во заедничкото соопштение на обвинителите и истражителите.

„Уличната вредност на повеќе од 3,2 милиони запленети апчиња „Каптагон“ е приближно 64,5 милиони долари. Четворицата обвинети, сириски државјани на возраст меѓу 33 и 45 години, се во притвор“, соопштија официјални лица.

Тие додадоа дека најголемиот дел од дрогата била наменета за Бахреин и Саудиска Арабија.

„Истраги беа спроведени од страна на јавното обвинителство во Ахен и истражната царина во Есен, а најголемата заплена беше извршена кога во магацинот беа запленети 324 килограми таблети „Каптагон“, се вели во соопштението.

Каптагон е стимуланс од типот на амфетамин, масовно произведен во Сирија.

Слични содржини