Германија започнува од утре депортации, ќе учествува и Бундесверот

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Германија започнува депортирањето на околу 200 000 мигранти. За таа цел веќе се организирани првите чартер летови од различни аеродроми на Германија.

4470345

Првите летови се очекуваaт уште утре наутро. Независно од првичниот план тоа да биде  на 1 ноември. “Веќе се организирани првите чартер летови од различни германски аеродроми”, рече министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер. Директорот на Канцеларијата на германската канцеларка Петер Алтмајер, кој неодамна ја презеде координацијата на бегалската криза, изјави дека повлекувањето на рокот е многу јасен сигнал. “Ние сакаме, кога станува збор за депортацијата на оние кои немаат право на престој во Германија, да бидеме многу експедитивни. Резултатите од ова мора да бидат видливи уште оваа година “, изјави тој за државната телевизија А Ер Де. Во сојузната влада се дискутира и  за транспортни авиони на Бундесверот при враќањето назад на луѓето кои не добијат бегалски статус.