Германија претстави феминистичка стратегија за надворешната политика

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Германските министерства за надворешни работи и за развојна помош сакаат да ја поддржат позицијата на жената во иднина со феминистичка стратегија за надворешна политика, беше објавено денеска во Берлин.

– Ние не повикуваме на револуција, тоа е нешто што се подразбира, рече министерката за надворешни работи Аналена Бербок (Зелените) додека ја претставуваше новата феминистичка стратегија за надворешна политика, која претходно денеска беше одобрена од федералната влада.

Бербок објасни дека новата стратегија не е за ограничувања туку за проширување на соработката со другите земји.

– Станува збор за зајакнување на положбата на жените кога станува збор за застапеност, права и пристап до ресурси, рече Бербок.

Таа нагласи дека „Германија може многу да научи“ од земји како Албанија и Руанда, каде жените се многу поприсутни во политиката отколку во Германија.

Слични содржини