Германка фатена на „Табановце“ со тегли со „магични печурки“

Одземени се две тегли со печурки со психотропни супстанци за кои германската државјанка се изјаснила дека се нејзини

од Nikola Popovski
17 прегледи Фото: Фејсбук

На 19.01.2026 во 09:00 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ја лишија од слобода М.С.(27) од Германија. При извршена гранична контрола и по извршен преглед на возило-комбе „фолксваген“ со германски национални ознаки, во кое се превезувала, во задниот дел од возилото се пронајдени и одземени две тегли со печурки со психотропни супстанци, за кои М.С. се изјаснила дека се нејзини.

Таа била предадена на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.