241
Германската фармацевтска компанија „Куревак“ денес објави дека ја започнала третата, последна фаза на клинички испитувања на вакцината против ковид 19.
„Куревак ја започнува глобалната фаза на 2b / 3 клинички испитувања неопходни за одобрување на вакцините“, се вели во соопштението на лабораторијата.
„Првиот волонтер беше регрутиран“, додава лабораторијата, која, како Бионтек и Модерна, користи РНК технологија за вакцината.
Оваа голема студија треба да се спроведе во Европа и Јужна Америка на „повеќе од 35.000 учесници“, додаваат од компанијата.
Втората фаза на клинички испитувања започна кон крајот на септември и беше спроведена врз 690 волонтери во Перу и Панама, но резултатите сè уште не се познати.