Германската амбасадорка во државава Кристине Алтхаузер, денеска изјави дека неизвесно е дали предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 5 јуни.
Според неа ,без пречистен Избирачки список, балансирано медиумско известување и одвојување на државата од партијата не може да има фер избори
Уставниот суд ги доведе во прашање изборите на 5 јуни, сметаат граѓанските организации
“Никој не знае дали навистина ќе има избори на 5 јуни. Изборите не означуваат крај на еден процес, туку се само еден од многуте чекори кои земјата треба да ги преземе за да ја поврати својата евроатланска перспектива. Договорот од Пржино е се уште жив, тој е активен, некои деЛови од него се веќе спроведени, но за некои се уште се преговара.Каква и да било влада која ќе се создаде по изборите мора да биде повикана на одговорност во однос на евроатланската политика врз основа на обврските предвидени во договорот”- посочи Алтхаузер.
