Германската амбасадорка: Вознемирувачки и алармантни се поплаките на СЈО

од desk3
109 прегледи

Германската амбасадорка во државава Кристине Алтхаузер ги посочи како вознемирувачки, поплаките на специјалната обвинителка Катица Јанева дека институциите ја блокираат нејзината работа.

germanska-ambasadorka
“Последните приговори на СЈО за намерни блокади на неговата работа од страна на судовите и другите јавни институции се вознемирувачки и високо алармантни знаци дека судскиот систем во државата се соочува со огромен предизвик.Исто така судиите, јавните обвинители и персоналот во судството имаат извонредна можност да ја покажат нивната независност и професионалност во обработката на потенцијалните случаи и корупција на високи нивоа и злоупотреба на овластувањата во согласност со европските стандарди.

ЕУ: Одлуката на Уставниот суд е против создавање на услови за кредибилни избори

Индивидуланите пресуди на судовите во минатото покажуваат, дека професионалците во судовите се целосно свесни за тоа што значат европските стандарди и како тие да се имплементираат во Македонија.Ги поттикнуваме судиите и обвинителите да ги почитуваат стандардите на професионаланата етика без разлика за кого се работи.”- посочи Алтхаузер.