Државната секретарка на Германија, Ана Лурман потенцира дека С. Македонија заслужува да биде членка на Европската Унија. Според неа, „јасно се гледа дека актуелната влада е многу посветена на приклучување кон ЕУ“.
-Многу е јасно дека оваа влада е многу посветена на приклучување кон ЕУ. И, секако, кога се работи за антикорупциски реформи и судството, тоа е многу јасно. И тоа е многу важно за доброто на народот, вели Лурман.
Таа истакна дека „било многу очигледно дека ЕУ сака Северна Македонија да биде дел од нејзиниот идентитет“.
=Слушнавме како се зборува на македонски во зградите на ЕУ за време на таа конференција. Многу ми е јасно дека овој процес кој конечно почна сега во јули е многу јасна поддршка дека ЕУ не само што зборува за проширување кога се работи за Западен Балкан туку и дека делува во тој поглед. Спремни сме да го форсираме тоа, рече Лурман во емисијата „Клик плус“.