ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА СЕ УШТЕ ВО ПРОБЛЕМИ: Забележан раст на платите, но и криза во водечките индустрии

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Германската економија порасна за 0,1 отсто во третиот квартал, што е помалку од кревкиот раст од 0,2 отсто што го очекуваат економистите, пренесува ДПА.

Државниот завод за статистика Дестатис во петокот објави дека слабиот раст на бруто домашниот производ е поттикнат од малку посилната потрошувачка, и приватната и државната.

Имено, по две години силна инфлација, германските граѓани полека се опуштаат и се поподготвени да ги испразнат паричниците. Инаку, растот на платите во меѓувреме ја надомести и ја надмина инфлаторната загуба.

Потрошувачката е само еден од столбовите на германската економија. Во криза се и други, како што се извозот, автомобилската индустрија и градежништвото.

Дека економијата остана во рецесија и во третиот квартал годинава – во претходниот БДП е намален за 0,3 отсто. Со економските показатели во црвено, БДП на крајот на годината веројатно ќе биде помал од 2023 година.

Позитивен импулс сепак може да даде Европската централна банка, со намалување на основните каматни стапки.

Од друга страна, победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД донесе поголема неизвесност поради неговите најави за трговска војна со Кина и Европа.

Германската влада сега на крајот на годината очекува рецесија од 0,2 отсто, а следната година раст од 1,1 отсто.

Слични содржини