Германската полиција бара сведоци за да го расчисти убиството на македонскиот државјанин во Есен

од Nikola Popovski
234 прегледи

МНР преку конзуларното одделение во Бон добило информации од надлежните германски институции дека во утринските часови во саботата во есен починал 32-годишниот македонски државјанин Е.И.

Мажот бил претепан до смрт со тап предмет по расправија со двајца Еритрејци во саботата околу два часот. Според полицијата во есен, случаен минувач се обидел да му пружи прва помош на македонскиот државјанин, којшто бил во несвест. Тој бил пренесен во болница, каде што за кратко починал од сериозните повреди. Напаѓачите, на 25 и 29-годишна возраст, побегнале од местото на убиството, а подоцна биле уапсени на железничка станица во Есен и во Милхајм. Полицијата од Есен на својата интернет-страница објави повик да се пријават сведоците на убиството на 32-годишниот македонски државјанин викендов.

„За да се расчистат прецизните факти за случајот, шефот на одделот за убиства ургентно бара повеќе сведоци на кривичното дело. Поточно, бараме од минувачите кои биле на улицата Кетвигер во областа Бургплац, до плоштадот Вили Брант, помеѓу 1 и 2.15 часот и забележале луѓе како се расправаат, да нè контактираат“, стои во објавата на полицијата во Есен.

Конзуларното одделение во Бон останува во тесна комуникација со надлежните органи на Германија до целосно расветлување на случајот.

Слични содржини