Германската сексуална индустрија бара дозвола за работа и укинување на рестриктивните мерки

од Nikola Popovski

Здружението, кое ги застапува работници во германската сексуална индустрија, повика на укинување на рестриктивните мерки во врска со нивната работа, кои беа донесени поради пандемијата на коронавирус.

Повеќе не е оправдано да се затворат борделите и да се забранува проституција, се вели во писмото на здружението упатено до 16-те члена на германскиот Парламент, кои неодамна повикаа на забрана за плаќање за сексуални услуги.

Со оглед на намаленото ширење на инфекција со коронавирус низ целата земја, индустријата за сексуални услуги мора да биде во можност „повторно да носи приходи и да им понуди на клиентите добра услуга која е човечка и многу важна за нив “, се наведува во писмото.

За време на кризата со коронавирус, таквата услуга може да биде „од егзистенцијална важност“ за клиентите, според германското здружение на сексуални работници.

Детален план за мерките за хигиена бил утврден и претставен на политичарите.

Здружението посочува дека сексуалните работници се особено заинтересирани за хигиената и за нивната здравствена состојба бидејќи тоа е „нивниот капитал“.

Слични содржини