85
Германската влада денес одобри испраќање на тенкови „Леопард 2“ во Украина, првично 14 од овие борбени возила, како и нивен реекспорт од земјите партнери.
Целта е со овие тенкови брзо да се формираат два баталјони во Украина, а наскоро ќе започне обуката на украинските сили во Германија, изјави портпаролот на германската влада Штефен Хебстрајт.
Во соопштението на владата во Берлин се прецизира дека во првата транша на Украина ќе и бидат испорачани 14 „леопарди“ од германските воени резерви, пренесе Ројтерс.