Германската влада за штрајкот на земјоделците: Нема промена во плановите, субвенциите се укинуваат

од Nikola Popovski
362 прегледи

Германската влада не размислува за промени во плановите за постепено укинување на земјоделските субвенции и покрај протестите на земјоделците, изјави денеска владиниот портпарол.

„Владата не размислува за каква било промена на плановите“, рекол портпаролот на прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Тој додал дека владата е таа што „на крај треба да донесе одлука и да спроведе промени, кои можеби не секогаш им се допаѓаат на сите“.

Германските земјоделци утринава ги блокираа влезовите на автопатиштата низ земјата, протестирајќи против владиниот план да ги намали субвенциите за гориво како дел од најавената регулација на федералниот буџет.

Поради протестите на земјоделците, работата беше прекината и во фабриката на Фолксваген во Емден, во Источна Фризија.

Слични содржини