Германски експерт: Вучиќ го чека судбината на Борисов

од Vladimir Zorba
296 прегледи

Санкциите на САД против влијателните луѓе во Бугарија треба да бидат црвено светло за српскиот претседател Александар Вучиќ, кој би можел да ја следи судбината на Бојко Борисов. Ова го изјави германската аналитичарка и експертка за процесите на Балканот – Јохана Дајмел.

Според мое мислење, српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, ја нема потребната власт и сила за успешно да го замени Александар Вучиќ. Но, постои загриженост во Српската напредна партија и мислам дека sвездата на Вучиќ почнува да заоѓа.

Ова го изјави една од водечките германски аналитичари за она што се случува во Србија и нејзините односи со западните земји.

Експертот смета дека тужбата, што Вучиќ ја поднесе против самиот себе во Обвинителството е „доста вознемирувачки факт“.

„Каква драма. Како прво, мислам дека ова е јасен сигнал за неговото длабоко непочитување на независното правосудство. Од една страна, тој е арогантен, а од друга, сака да покаже грижа за правдата. Останува впечаток дека Вучиќ се чувствува недопирлив и ги предизвикува своите таканаречени непријатели на организираниот криминал да заземат јавен став. Во исто време, мора да бидеме многу внимателни, бидејќи она што истражните портали како КРИК и Бирн го откриваат за Вучиќ, тој го користи за своите валкани игри. Ова е мојот впечаток како случаен минувач“, рече Дајмел во интервју за „Данас“.

Таа нагласи: „Само погледнете што се случува во соседна Бугарија, каде што во последниве недели беа откриени скандали со илегално прислушување, корупција и непотизам, за кои се поврзува поранешниот премиер Бојко Борисов. Тамошната влада секојдневно открива откритија за овие скандали, што значи дека ја ослабува толеранцијата и поддршката за таквите политичари во регионот“.

„Соединетите држави воведоа санкции против многу влијателни луѓе во Бугарија. Тоа треба да биде црвено светло за Вучиќ, имајќи предвид дека Ангела Меркел повеќе нема да биде на власт а таа беше една од поддржувачите на неговата реалполитика. Судејќи според последните анкети на јавното мислење, во Германија ќе се формира коалициска влада, во која Зелените ќе играат многу важна улога“, рече Дајмел.

Таа потсети дека во нивната изборна програма, Зелените нагласија дека „тие ќе ги поддржат санкциите според механизмот за владеење на правото. За нив, човековите права се основни, вклучително и забрана на камери за видео надзор што ги препознаваат лицата на луѓето, како и оние што Вучиќ ги купи од Кина и нашироко се користат.

„Со еден збор, постои промена во правецот на ветрот за Вучиќ, и можно е тој да биде разнесен многу скоро“, заклучи Јохана Дајмел.

Слични содржини