Германски Еуробајкери донираат 20 шлепери медицинска опрема за Македонија, БиХ и Косово

од desk2
68 прегледи

Здружението „Eurobiker“ од Германија организира голема хуманитарна акција следната година во рамки на која ќе биде донирана медицинска опрема за Македонија, Косово и Босна и Херцеговина.

За да дознаат што им треба бајкерите се состануваат со претставници на локалните здравствени установи.

Тие ќе донираат опрема во Охрид, во Призрен во Косово, и во БиХ во Горажџе и во Тузла.

Донацијата на медицинска опрема во планираните градови ќе биде допремена во периодот од 8 до 21 мај 2018 година.

Инаку Еуробајкерите низ возење со мотори сакаат да ги поврзат народите и културите, а секоја година организираат по една хуманитарна акција за подрачјето на Балканот, а за состојбата во која се наоѓаат одредени држави и нивните здравствени установи дознаваат благодарение на своите членови, евробајкери, и настојуваат да интервенираат во најпотребни материјали.