
Летото 2017 година ќе излезе исклучително скапо за германскиот национален железнички превозник. Серијата подметнати пожари на системите за сигнализација на две линии на меѓуградските експреси (ICE) извршени крај Берлин на 19 август од левичарски екстремисти, предизвикаа штета проценети на милиони, пишува германскиот весникот Focus.
Според најновите податоци од Дојче банк, 442 патнички и товарни возови – се погодени од нападите. Патниците беа принудени да доцнат на работа или вкупно возовите доцнеа 14.625 минути. Движењето на вкупно 173 возови беше прекинато, а имаше и 137 делумни оштетувања на железничката инфраструктура.
Експертите ја проценуваат ја штетата предизвикана од “политички мотивиран криминал” од страна на левичарски екстремисти, на милиони евра.
На 12 декември 2015 година левичарските екстремисти оштетија два кабелски канали во Лајпциг, за да попречат пристигнувањето на десничарски демонстранти на митингот во градот. Овој чин на насилство доведе до последици за патниците во 60 возаи, а кои мораа задоцнат 1.415 минути или да го пренасочат движењето и сообраќајот на други правци.