Германската фудбалска репрезентација ја победи Саудиска Арабија на Олимписките игри во Токио, но вистинската сензација ја предизвика капитенот Макс Крузе кога ја запроси својата девојка во програмата во живо по натпреварот.
За време на интервјуто за АРД, Крузе (33) го зеде микрофонот во рацете, го соблече репрезентативниот дрес и остана по маица, на која на курдски јазик пишувало: „Те сакам, ќе се омажиш li за мене?“.
„Сакав да чекам да постигнам гол, но кој знае дали тоа ќе се случи. Затоа имам порака за мојата девојка која е дома “, рече Круз, инаку напаѓач на Унион Берлин, пренесува „Билд“.
Germany star Max Kruse PROPOSE to girlfriend after setting up winner in #Olympics victory at #Tokyo2020 https://t.co/JQIxvNy0EO
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) July 25, 2021
Потоа клекнал на колена и продолжил: „Љубов, заедно сме со месеци, скоро една година, беше убаво време. Те сакам и те прашувам дали сакаш да се омажиш за мене? “
Германските медиуми јавуваат дека свршеницата на Крузе подоцна ја прифатила понудата за брак.