Градските власти на Нојминстер, кој се наоѓа во центарот на Шлезвиг-Холштајн, предизвикаа вистински наплив на негативни реакции откако преку социјалните мрежи ги повикаа граѓаните да пријават непрописно паркирани возила
– Работиме заедно да обезбедиме поголема безбедност во сообраќајот во нашиот град, порачуваат во соопштението.
Според објавата на социјалните мрежи, извештаите треба да се фокусираат на непрописното паркирање кое го попречува пристапот до патиштата или го попречува сообраќајот.
– Како дел од нашата заедница, можете да помогнете. Пријавата можете да ја поднесете едноставно преку електронска пошта или онлајн формулар, по можност со фотографии, велат градските власти.
Како што се наведува во соопштението, може да се пријави преку веб-страницата www.neumuenster.de, каде што е објавен и образец за пријавување сообраќаен прекршок.
Заедно со соопштението го додадоа и прашањето „Дали во сите нас се крие мало репортерче?“.
Прашањето всушност потсетува на 18-годишниот Никлас М., за кој германските медиуми веќе пишуваа, а кој тврди дека веќе поднел повеќе од 4.000 пријави за непрописно паркирање и се изјаснил како „известувач“ на непрописно паркирани возила, поради што, тврди, добива и смртни закани.