Германскиот прволигаш Ст. Паули одлучи да престане да ја свири навивачката песна „Das Herz von St. Pauli“ на својот стадион „Милернтор“, иако таа е еден од омилените хитови на навивачите на клубот од Хамбург. Причината за забраната е тоа што е откриено дека авторот на песната бил нацист.
Текстот го напишал Јозеф Олиг, а како што пренесува германски „Шпигел“, истражувачите од музејот на клубот дошле до нови сознанија за неговата биографија додека ги истражувале корените на нивната песна. Олиг бил војник на Вермахт, а за време на Втората светска војна бил дописник на нацистичките медиуми.
„Знаеме и разбираме дека песната многу им значи на нашите навивачи. Сепак, химната на стадионот треба да служи за поврзување на луѓето. Со новите сознанија, тоа не може да биде случај. Бројни навивачи и членови истакнаа дека повеќе не се чувствуваат удобно со таа песна на стадионот”; изјави претседателот на клубот Оке Гетлих.