Агенти на украинската тајна служба се обиделе да го убијат Владимир Путин со дрон камиказа натоварен со експлозиви, но нивната строго тајна мисија пропаднала откако дронот паднал неколку километри од нивната цел, објави германски „Билд“.
Украинската и руската страна се уште не ги коментираа овие шпекулации.
Украинските служби наводно лансирале дрон UJ-22 од Украина во неделата, натоварен со 17 килограми експлозив, со цел да стигнат до новоизградениот индустриски кварт во близина на Москва кој Путин требало да го посети, тврди германскиот весник „Билд“.
Но, пред смртоносниот дрон да стигне до индустрискиот парк Руднево со наводна мисија да го убие рускиот лидер, се урнал на само неколку километри од местото, тврди „Билд“, цитирајќи го твитот на украинскиот активист Јуриј Романенко.
Романенко, кој тврди дека има блиски врски со киевските разузнавачки служби, рече дека агентите на украинската тајна служба добиле „информации“ за очигледното патување на Путин на индустриската локација и решиле да го лансираат смртоносниот дрон во обид да го убијат претседателот.
Тој тврди дека дронот UJ-22 со 17 килограми експлозив Ц4, кој се урна во селото Вороского, на околу 20 километри источно од индустрискиот парк Руднево, бил оној кој го лансирале украинските сили како дел од обидот за атентат.
The UAV flew to Moscow.
A drone stuffed with explosives, similar to the Ukrainian UJ-22 Airborne, fell in the village of Vorovskoye near Noginsk near Moscow. Among the wreckage of the UJ-22 are Canadian 1.25-pound M112 explosive charges based on C4 plastic explosive weighing… pic.twitter.com/7QqxP94XNR— Victor vicktop55 (@vicktop55) April 24, 2023
„Путин, се приближуваме. Сите ја видоа веста за дронот кој долета во Москва и не експлодира? Значи, овој дрон леташе со причина. Минатата недела нашите разузнавачи добија информации дека Путин оди во индустрискиот парк во Руднев. Според тоа, полета нашиот дрон камиказа, кој прелета низ сите ПВО на Руската Федерација и се урна недалеку од индустрискиот парк“, напиша Романенко.
Во неделата во близина на селото Ворокого се урна беспилотно летало UJ-22, а на социјалните мрежи, вклучително и Телеграм, беа објавени слики, на кои се гледа уништениот дрон во шума во близина на Москва.
„Билд“, повикувајќи се на Романенко, тврди дека дронот требало да удри во индустрискиот парк Руднево и да го убие Путин, кој наводно бил очекуван на местото во неделата.