135
Германските потрошувачи ќе плаќаат високи цени на гасот уште најмалку една година, а решението е инфраструктура за течен гас, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек.
„Ќе мора да издржиме повисоки цени и во следната година“, изјави Хабек за агенцијата dpa.
„Тие треба да паднат кон крајот на 2023 година, кога треба да биде завршена инфраструктурата неопходна за замена на рускиот гас, но не под нивото од 2021 година.
Инфраструктурата потоа дополнително треба да се прошири. Цените се високи затоа што Путин го запре снабдувањето што сочинуваше половина од потрошувачката на Германија, а немавме инфраструктура за снабдување, освен гасоводи“, нагласи Хабек.