204
Германија бележи напредок во намалувањето на зависноста од руските фосилни горива и очекува целосно да престане со увоз на сурова нафта до крајот на летото, изјави министерот за економија Роберт Хабек.
Тој изјави дека најголемата европска економија го намалила уделот на увозот на руска нафта на 12 отсто, јаглен на осум отсто и природен гас на 35 отсто.
„Сите чекори што ги преземаме бараат огромен заеднички напор на сите актери и во исто време носат трошоци што ќе ги почувствуваат и економијата и потрошувачите. Но, тие се неопходни ако повеќе не сакаме Русија да не уценува“, се вели во соопштението на министерот за економија.