304
Пратеник од Христијанско социјалната унија (ЦСУ), Тобајас Цех го вратил мандатот во Бундестагот, а причина за ова се обвинувањата дека преку консултантска фирма вршел услуги за ВМРО-ДПМНЕ во времето кога поранешниот премиер, Никола Груевски беше нејзин претседател, пишува Шпигел.
Како што објавува Шпигел, приватната фирма на Цех примала петоцифрени хонорари за консултантски услуги на ВМРО-ДПМНЕ.
Во текот на 2016 и 2017 година германскиот пратеник во повеќе наврати се среќавал со Груевски и тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.