329
Германскиот производител на лекови „Бајонтек“ на почетокот на минатата недела објави дека планира да развие вакцина базирана на mRNA за спречување на маларија, болест опасна по живот, која погодува милиони луѓе ширум светот секоја година.
Компанијата, која ја разви првата одобрена вакцина против ковид-19 во САД со американскиот производител на лекови „Фајзер“, објави дека има за цел да започне клинички испитувања на кои ќе се тестираат дози до крајот на 2022 година.
Светската здравствена организација, Европската комисија и други организации беа вклучени во процесот, во раната фаза на планирање на новата вакцина, соопшти компанијата, нудејќи ја својата поддршка во идентификувањето и воспоставувањето на потребната инфраструктура.