Германски суд осуди сириски лекар на доживотен затвор за злосторства против човештвото

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Германски суд денес го осуди сирискиот лекар Алаа Муса на доживотен затвор за злосторства против човештвото, имено за мачење затвореници во воени болници за време на владеењето на поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад.

Муса е обвинет за мачење затвореници во воени болници за време на сириската граѓанска војна, објави The Guardian.

Злосторствата извршени од Алаа Муса (40) за време на сириската граѓанска војна беа „дел од бруталната реакција на диктаторскиот, неправеден режим на Асад“, рече претседателот на Вишиот регионален суд во Франкфурт, Кристоф Колер.

Слични содржини