Германскиот канцелар го повтори повикот за брз влез на Западен Балкан во ЕУ

По состанокот со словенечкиот премиер Роберт Голоб, Шолц истакна дека тоа се уште зависи од исполнувањето на сите критериуми.

од Бети Божиноска
316 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц вчеравечер во Словенија повторно се заложи за што побрз влез на шесте држави од Западен Балкан во Европската Унија, пренесува ДПА.

По состанокот со словенечкиот премиер Роберт Голоб, Шолц истакна дека тоа се уште зависи од исполнувањето на сите критериуми.

„Не би требало да зависи од ништо друго. Мислам дека тоа е многу важно,“ подвлече тој.

Германија настојува да придонесе за смирување на тензиите меѓу балканските држави, по што тие може да се фокусираат на важните прашања односно на „напредокот во спроведувањето на прописите потребни за членство во ЕУ.“

Сите држави од Западен Балкан – Македонија, Албанија, БиХ, Србија, Црна Гора и Косово- тежнеат кон членство во ЕУ, но се во различни фази од процесот.

Шолц исто така го повтори ставот дека ЕУ мора да се реформира и да биде подготвена за проширување. Германија, пред се, инсистира на реформа во процесот на носење одлуки, кој е консензуален и често макотрпен поради противењето на најмалку една држава-членка.

 

 

Слични содржини