Германскиот министер за надворешни работи доаѓа во Скопје

Вадефул ја започнува турнејата низ регионот на 16 ноември, а покрај Скопје, ќе ги посети и Сараево, Подгорица, Тирана, Белград и Приштина

од Nikola Popovski
22 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул на 18 ноември доаѓа во Скопје во рамки на неговата некокудневна посета на државите од Западен Балкан, соопшти Германска амбасада во земјава.

Вадефул ја започнува турнејата низ регионот на 16 ноември, а покрај Скопје, ќе ги посети и Сараево, Подгорица, Тирана, Белград и Приштина.

Шефот на германската дипломатија ќе биде придружуван од пратеници на германскиот Бундестаг.

– Посетата се надоврзува на средбата на министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес и потенцира дека земјите од Западен Балкан претставуваат приоритет во надворешната политика на Германија, се вели во соопштението од Германската амбасада.

Слични содржини