Германскиот министер за здравство позитивен на корона

од Stefanija Kuzmanovska
195 прегледи

Германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах, е позитивен на тестот за ковид-19.

„Министерот се чувствува добро, но има благи симптоми. Привремено ќе ги извршува обврските од домашна изолација“, соопштија од неговиот кабинет.

Лаутербах прими четири дози од вакцината против коронавирусот.

„Ова покажува дека се работи за многу заразната варијанта на сојот омикрон“, соопшти министерството за здравство.

Министерот, како што се наведува во соопштението, апелира граѓаните да се однесуваат одговорно и да се грижат за доволна вакцинациска заштита, за да се избегне посериозна форма на болеста.

Слични содржини