Во текот на исказот во судот во Равенсбург педесетгодишниот Германец призна дека ја отрул храната за бебиња и дека се заканувал дека ќе ги затруе и другите производи во продавниците ширум Европа доколу не му биде ислатена одредена сума на пари, соопштија германските власти. 
“Осомничениот уценувач ги призна обвинувањата во текот на давањето на исказ во судот во Равенсбург”, навеле германските власти напоменувајќи дека тој рекол оти освен пет теглички со храна за бебиња кои ги затрул и за што ја известил полицијата, цо ниту еден друг производ во супермаркетите не ставил отров.
Осомнчениот тровач кој е опишан како “ментално пореметен”, уапесен е во петок откако германската полиција оваа недела ја предупреди јавноста соопштувајќи дека уценувач – барал милион евра во готово за да не затруе уште производи во супермаркетите, пренесува АФП.
Во тегличките со храната за бебиња на кои уценувачот ја упатил полицијата најден е етилен – гликол, хемикалија која ја содржат антифризот и течностите за кочници. Во германското министерство за заштита на потрошувачите кажаа дека пронајдената супстанциа е токсична а во големи количини – смртоноста.