Германските истражители ја завршија истрагата, се очекуваат извештаите од пожарот во Тетово

од Берта Китинска
228 прегледи

До крајов на неделава, премиерот Зоран Заев очекува да ги добие извештаите кои треба да одговорат што е причината за пожарот во тетовската болница кој одзеде 14 животи. За 10 дена, пак, треба да стигне и извештајот од германските истражители.

Тој повтори дека е побарана помош од сите независни институции, а и покрај тоа што претходно барал корекција во работата на правосудните органи Заев рече дека истрагата треба да се остави во рацете на обвинителите.

-И денеска Заев нема целосна доверба во правосудството, но Јавното обвинителство ги води истрагите, ангажирани се професионални експерти, а секако прифативме и помош понудена од германските форензичари и истражители кои беа тука и ја завршија нивната истрага и ги очекуваме извештаите за нивната работа тука, додаде премиерот.

Слични содржини