Германските специјални сили упаднаа во Центарот за бегалци во Солинген, уапсија Сириец

од Vladimir Zorba
1,2K прегледи

Припадниците на елитната команда за специјални операции (СЕК) вечерва извршија рација во Центарот за сместување бегалци во Солинген како дел од потрагата по напаѓачот кој во петокот вечерта уби три лица, а рани осум на фестивал во центарот на градот.

Според непотврдени првични информации, уапсен е Сириец, пренесe „Билд“.

Центарот за сместување на баратели на азил е оддалечен само 300 метри од Фронхоф, местото на вчерашниот напад, а на 150 метри од местото каде што истражителите попладнето пронајдоа оружје – нож со кој атентаторот во петокот вечерта уби три лица, а осум тешко рани.

Како што дознава „Билд“, полициското куче ги водело истражителите директно од местото каде што е пронајден ножот до домот за баратели на азил.

Специјалната единица потоа ја опколила зградата и конечно упаднала во 20 часот и 18 минути. Оттогаш, неколку жители на Центарот се сослушани.

Слични содржини