Германските техничари и форензичари пристигнаа во земјава, ќе ја набљудуваат истрагата

од Nikola Popovski

Во текот на денот пристигнале германските експерти и форензичари што треба да учествуваат во истрагата за катастрофалниот пожар во модуларната ковид-болница во Тетово, соопштиле од Владата за МИА.

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски вчера соопшти дека германскиот тим од Федералната криминалистичка служба е составен од  двајца крим техничари и форензичари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.

Тој појасни дека германските експерти ќе работат заедно со крим техничарите на МВР како поддршка на ОЈО при истрагата за утврдување на причините за пожарот во модуларната болница во Тетово.

Тие ќе имаат улога на мониторинг во истрагата.

Во пожарот што  избувна пред  една недела во модуларната болница во Тетово животот го загубија 14 лица.

Слични содржини