Федералната разузнавачка служба на Германија (БНД) и Федералната служба за заштита на уставот (БФФ) планираат да одвојат следната година десетици милиони евра за нови програми за справување со кибер напади и тероризам, пренесе ТАСС, повикувајќи се на весникот „Зидојче цајтунг”.
Службите планираат значително да ги зголемат своите можности за дешифрирање на кодирани повици и пораки. БНД планира да вложи околу 73 милиони евра во проект за следење на комуникации. Само 21,25 милиони евра се предвидуваат да се слеат за проектот со име „Панос”, со кој се следат услуги за пораки како „Вотс ап”.
БНД добила дозвола да го зголеми бројот на своите соработници на 470 лица. Таа планира да го прошири набљудувањето на екстремистите и да преземе дополнителни мерки за сузбивање на киберзаканите