Демонстрација во Минхен против десниот екстремизам и исламофобията во Германија.
Агенцијата за внатрешно разузнавање на Германија предупреди за зголемување на бројот на радикалните исламисти, како и на десничарските екстремисти во земјата. Според извештајот на Федералната служба за заштита на уставот близу 790 исламски екстремисти заминале за боиштата во Сирија и Ирак, како речиси една третина од нив подоцна се вратиле во Германија. Од заминатите 130 лица биле убиени во борби, посочуваат уште од агенцијата. Разузнавањето пријави уште дека германските џихадисти се главно од крајното конзервативно салафитско движење, чии претставници во Германија се 8350 лица. Тоа е зголемување во споредба со септември, кога тие се бреја на 7900 лица. Шефот на службата за разузнавање Ханс-Георг Мас изјави дека се забележани речиси 230 случаи во кои претставниците на салафитското движење се обидуваат да остварат контакт со бегалци кои доаѓаат во земјата. Во исто време, дебатата за големиот број мигранти провоцира и крајнодесничарските ксенофобични групи, додаде Мас. “Има закана од создавањето на зона на неизвесност од екстремно десничарските екстремисти, десничарски конзервативци и демонстранти граѓани со потенцијал за насилство”, додаде шефот на службата за внатрешно разузнавање.
Според Масиј множеството сексуални злосторства во новогодишната ноќ во Келн, за кои се осомничени претежно мажи од Северна Африка, дополнително ги “радикализира агитаторите против барателите на азил од страна на десничарските екстремисти”. Тој исто така додаде дека Германија останува под тревога поради исламистичките напади во Париз од ноември , опишувајќи ја безбедносната ситуација во земјата како сериозна. / АФП