Германците се подготвуваат за вакцинација до крајот на годината

од Vladimir Zorba
257 прегледи

Германија се подготвува да започне вакцинација против коронавирус пред крајот на годината, пишува „Билд“.

Министерството за здравство планира да формира 60 специјални центри за вакцинација и побара од 16 сојузни држави да достават можни адреси на тие центри до 10 ноември, пишува „Билд“, без да ги наведува своите извори.

На видео-конференција претходно оваа недела, министерот за здравство Јенс Шпан – кој самиот беше позитивен на коронавирус во средата – изјави дека германскиот BioNTech е близу до добивање одобрение за својата вакцина.

На прашањето кога ја очекува првата вакцинација, Шпан одговори: „Тоа може да се случи до крајот на годината“, велат учесниците на таа видео-конференција за „Билд“.

BioNTech ја развива вакцината во партнерство со Pfizer.

Минатиот месец, Германија пренасочи 745 милиони до до биотехнолошките компании BioNTech и CureVac за да ја забрза работата со вакцините и да ги прошири германските производствени капацитети.

Инфекцијата во Германија се забрзува, а податоците од четвртокот покажаа дека за прв пат бројот на новоинфицирани за 24 часа надмина 10.000 новоинфицирани.