Германците во јавниот сектор ќе добијат 1,300 евра поради пандемијата

од Milan1

Германските работници во јавниот сектор следната година ќе добијат бонус од 1.300 евра поради пандемијата и 2,8 отсто повисока плата.

Повеќе од милион работници во јавниот сектор во германските покраини ќе добијат бонус без данок најдоцна до март следната година.

Договорот уследи по заканата од штрајк на работниците во универзитетските болници, детските градинки, училиштата и полициските оддели. Преговорите траеја цел викенд, до понеделник рано наутро.

Претседателот на синдикатот Верди Франк Вернеке рече дека договорот е фер.

Преговорите започнаа кон крајот на летото. Синдикатите бараа зголемување на платите за најмалку 150 евра месечно или околу пет отсто. Побараа за 300 евра повисоки плати за работниците во здравството.

Ова беше нереално за сојузните држави поради и онака високите трошоци за здравјето, економијата и локалните власти поради пандемијата.

Слични содржини